| четврток, 6 декември 2018 |

Подароци за децата во Клиниката за детски болести

detska-klinikaПо повод јануарските празници Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК Скопје, денеска организира пригодна програма и подароци за деца кои се на лекување на Клиниката за детски болести во Скопје.

– Со цел да им овозможиме на овие деца да почувствуваат барем дел од празничната убавина секоја година организираме различни пријатни празнични изненадувања во самата клиника, во рамки на хуманитарениот проект “Заедно со Вас да ги направиме децата среќни”, велат од АН-БЛОК Скопје.

Годинава Дедо Мраз ќе ги посети децата кои се на лекување на хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести во Скопје и ќе им подели новогодишни подароци кои се собрани по пат на донации.

АН-БЛОК  традиционално, од 1998 година по повод новогодишните и божикните празници го реализира проектот “Заедно со Вас да ги направиме децата среќни”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top