| четврток, 6 декември 2018 |

Клиниката за детски болести доби најсовремен апарат за неинвазивна механичка вентилација

Универзитетската Клиника за детски болести доби апарат „Медин-кно“ (Medin-cno) за неинвазивна позитивно притисочна вентилација, особено кај предвремено родените деца, со што се спречува и се лекува веќе настанат колапс на белите дробови.

Станува збор за донација од Македонско-австриската бизнис асоцијација. Вредноста на апаратот е околу еден милион денари.

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, се заблагодари за донацијата и изјави дека апаратот ќе значи достигнување на сите светски стандарди за третман на предвремено родените деца кои имаат проблеми со белите дробови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top