По повод јануарските празници Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК Скопје, денеска организира пригодна програма и подароци за деца кои се на лекување на Клиниката за детски болести во Скопје.
– Со цел да им овозможиме на овие деца да почувствуваат барем дел од празничната убавина секоја година организираме различни пријатни празнични изненадувања во самата клиника, во рамки на хуманитарениот проект “Заедно со Вас да ги направиме децата среќни”, велат од АН-БЛОК Скопје.
Годинава Дедо Мраз ќе ги посети децата кои се на лекување на хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести во Скопје и ќе им подели новогодишни подароци кои се собрани по пат на донации.
АН-БЛОК традиционално, од 1998 година по повод новогодишните и божикните празници го реализира проектот “Заедно со Вас да ги направиме децата среќни”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Забранета посета на сите одделенија на Клиниката за детски болести
-
На Клиниката за дестски болести ќе се ангажираат 20 нови медицински сестри со договор на дело
-
Пуштен во употреба Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести
-
Клиниката за детски болести доби најсовремен апарат за неинвазивна механичка вентилација