– Делата на Тодоровиќ, сите негови реализирани проекти, се доказ дека предвидените проекти од новата програма ќе бидат реализирани. Тој најави капитален проект во образованието – ново училиште во Капиштец, а досега спроведеното е гаранција дека и тоа ќе се реализира – рече Кралев.
Тодоровиќ истакна дека останува посветен на своите проекти.
– Училиштето во Капиштец ќе има капацитет за околу 900 ученици. Ние се грижевме и ќе продолжиме да се грижиме за условите во кои учат децата во Центар – рече Тодоровиќ.
На денешната прес-конференција се обрати и Томислав Лазаров, носителот на советничката листа на владејачката коалиција за Центар.
Кралев, освен за Тодоровиќ, побара поддршка и за Советот без кого, како што посочи, нема да може да се реализираат проектите што се насочени кон подобар Центар и за добро на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.