| четврток, 6 декември 2018 |

Вулканот Попокатепетел исфрли пепел во височина од 3,5 километри

вулкан

Вулканот Попокатепетел, што се наоѓа на 72 километри југоисточно од Мексико Сити, во последната вчерашна ерупција, во воздухот исфрлил смеса од пареа, гас и пепел во височина од 3,5 километри, соопштија мексиканските власти, цитирани од американските медиуми.

Мексиканскиот национален центар за спречување на природни несреќи  посочи дека ерупцијата се случила вчера попладне, а исфрленото  количество пепел било умерено.

Попокатепетел е активен вулкан и е втората највисока точка во Мексико. Се наоѓа во близина на државите Морелос, Пуебла и Мексико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top