| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна уште еден авион, овојпат меѓу Индонезија и Сингапур

er

Уште една авионска несреќа: „го загубивме од радарите авионот на малезиската авиокомпанија „Ер Азија“, велат од контролата на летање,а авионот најверојатно паднал во океанот, пренесува „Интерфакс”, повикувајќи се на индонезиски медиуми.

Според локалните новинари, во областа на островот Белитунг се пронајдени парчиња од авионот. Засега нема официјална потврда на оваа вест. 

Според првични информации, причина за трагедијата се најверојатно лошите временски услови во областа. Летот QZ8501, кој летал  од Индонезија до Сингапур, исчезнал од екраните на радарите откако пилотот побарал промена на курсот во 6:17 ч. по локално време.

Компанијата „Ер Азија„ напишала  на страницата на „Фејсбук“ дека во авионот имало 155 патници и 7 членови на екипажот. Меѓу патниците имало 138 возрасни, 16 деца и 1 новороденче. 156 од патниците  во авионот се Индонезијци, тројца државјани на Јужна Кореја и еден државјанин на Сингапур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top