Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека до крајот на јануари или почетокот на февруари ќе биде реконструирана Владата на Србија.
– Ќе има реконструкција, бидејќи така сака премиерот Александар Вучиќ – изјави Дачиќ, пренесуваат косовските медиуми повикувајќи се на радио Слободна Европа.
Во врска со разликите помеѓу претседателот на Србија, Томислав Николиќ и германскиот амбасадор во Белград, Хајнц Вилхелм, за тоа дали независноста на Косово е услов за членството на Србија во Европската унија, Дачиќ изјави дека е време да се „спушти топката“.
-Треба да се биде релаксиран во сета оваа историја. Јас го разбирам претседателот, но треба да се спушти топката – рече Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


