Шефот на повторената истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковска, Омер Кулиќ, вели дека има две теории на заговор за падот на претседателскиот „кингер“.
– Првата беше од страна на адвокатот Панчевски кој рече дека има доказ дека авионот е соборен. Човекот рече дека има доказ дека авионот е погоден во крилото со борбена ракета и кога паднал на местото стигнале хеликоптери од кои излегле луѓе со маски и пламенофрлачи и го попрскале авионот по што тој се запалил – вели Кулиќ.
Според него, дискутабилно е тврдењето на Панчевски дека тогаш времето било ведро, наспроти тврдењата на неговата комисија дека имало облаци на небото.
– Кога му беше речено на адвокатот да ги приложи доказите што ги има, тој имаше смешни и неизводливи барања. Затоа, јас сметам дека тој заслужува третман од полициските и правосудните органи во Македонија. Бидејќи ако има докази, а ги крие тогаш тоа е злосторнички чин. На таков начин тој ја вознемирува македонската јавност – рече Кулиќ.
Шефот на истрагата ја посочи и втората теорија на заговор на еден поранешен македонски пилот кој зборуваше дека Французите биле виновни за некои од сигналите за авионот. И тоа било земено во обзир, но Кулиќ вели дека тој самиот се уверил и бил сведок во вежбата која била направена за да се испитаат ваквите тврдења и може единствено да ги демантира.
Погледнете го целото видео тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


