Бевме сведоци на уште еден протест, насловен како студентски, меѓутоа загрижува фактот што очигледно сериозно е вмешана политиката. Јасно е дека се вклучија определени политички структури со цел да добијат политички поени.
Ова го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски во гостувањето на ТВ Сител.
-За нас е чудно што и покрај тоа што во неколку наврати јасно и недвосмислено укажавме дека овие законски измени нема да се однесуваат на актуелните студенти повторно се појавуваат иницијативи на одредени групи. Денес на целокупната јавност и стана јасно дека во целата оваа ситуација има вмешано сериосна политика, рече Ристовски.
Тој уште еднаш го објасни целиот концепт кој предвидува полагање на државен испит, а тоа можете да го погледнете во видеото во продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


