За поголема транспарентност при спроведувањето на стручните испити кои се во ингеренции на Министерството за внатрешни работи, од денес почнува реализација на проектот со кој се предвидува пренесување во живо на полагањето на кандидатите за стекнување со лиценца за физичко и техничко обезбедување.
Изминатиов период во соработка со Комората за обезбедување беа реализирани сите неопходни технички подготовки и беше договорено кандидатите кои утре ќе го полагаат теоретскиот дел, испитувањето на нивното знаење да биде согласно последните измени во Законот за приватно обезбедување.
Имено, членот 24-г од Законот предвидува: „Теоретскиот дел од стручните испити за физичко и за техничко обезбедување се полага во просторија за полагање испит определена од страна на Комората, која е посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. Полагањето на стручните испити од ставот (1) на овој член се снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството.“.
Од тие причини, сите заинтересирани преку интернет страницата на Министерството, www.mvr.gov.mk и посебниот таб http://web.maxtv.mk/testmvr.html ќе може да го проследат денешниот испит кој започнува во 16.00 часот во просториите на Комората за обезбедување.
Следењето во живо на стручниот испит на кандидатите ќе биде можно единствено преку деск топ компјутери, односно истиот нема да може да се следи преку мобилни телефони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.