„Коса плава и луда глава“ е новогодишен подарок за фановите. Се работи за љубовна песна во брз и весел празничен ритам, која Влатче верува дека ќе помине одлично кај слушателите, а планира да снима и спот.
За Влатко Илиевски годинава што изминува беше и повеќе од успешна, учествуваше во „Танцот со ѕвездите“, го водеше квизот „Само кеш“, имаше претстава во битолскиот театар….
Новиот сингл е најава на четвртиот соло албумот кој треба да се појави на почетокот на 2015 година.
Во изминатите неколку години за Нова Година го гледаа на плоштадите во Охрид, Прилеп, Битола, Куманово и Скопје, а овој дочек ќе го помине исто така работно во еден хотел во Охрид.
Веднаш по пречекот на Новата Година Влатко ќе започне турнеја по сите големи клубови низ земјава, а познато е дека журките со него се многу посетени и весели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)