Јавното обвинителство Кавадарци поднесе обвиненија против двајца полицајци од Кавадарци, бидејќи не му го одзеле оружјето на трикратниот убиец од Кавадарци.
Иако претходно Тони С. имал кривични пријави, полицајците не провериле дали убиецот поседува оружје и не му го одзеле пиштолот со којшто подоцна го изврши трикратното убиство.
– Обвинетите , како службени лица вработени во МВР НК КР Кавадарци изготвувајќи кривични пријави против лицето Т.С од Кавадарци во одделни предмети, не постапиле по Законот за оружје и не извршиле проверка дали осомниченото лице поседува дозвола за носење на огнено поружје и дозвола за поседување на огнено оружје. Иако кривичните дела кои му се ставале на товар на тогаш осомниченото лице укажувале на потешко нарушување на семејните односи, за кои дела имал и правосилна судска пресуда, сега обвинетите службени лица не презеле мерки за одземање на оружјето и не поднеле предлог за одземање на оружјето на осомничениот – соопштуваат од Обвинителството.
Кавадарчецот во ноември ги уби родителите и сестрата на својата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци