| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно црн чад од Сикстинската капела

И второто гласање за нов папа заврши неуспешно. Утрово, на вториот ден на изборот на нов поглавар на Римокатоличката црква, повторно се изви црн чад над Сикстинската капела. Кардиналите во текот на денот ќе имаат уште четири обида, а ако ниту еден не добие двотретинско мнозинство, гласањето ќе се одложи до четврток по истиот распоред.

Кога ќе се избере папа, од оџакот на Сикстинската капела ќе се издигне бел чад и ќе се огласат ѕвоната на базиликата „Свети Петар“.

Италијанските и германските медуми шпекулираат дека новиот папа треба да биде од Европа, а најсериозен кандидат бил миланскиот бискуп Анџело Скола, близок со поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top