| четврток, 6 декември 2018 |

Центарот за Даунов синдром на гости во Драмски театар

dramski-teatar

Центарот за Даунов синдром утре, 26 декември ќе биде на гости во Драмски театар каде што ќе ја проследат театарската претстава „Дедо Мраз во розево”.

Драмски театар е еден од поддржувачите на Центарот за Даунов синдром и тие имаа заеднички активности во текот на целата година.По претставата Дедо Мраз на децата ќе им дава пакетчиња и подароци.

Овој е втор по ред настан кој Центарот го организра за лицата со Даунов синдром да ја почувствуваат празничната убавина. Првиот беше учество на Божиќниот настан организиран од Меѓународното Здружение на жени и Интернационалното училиште QSI, каде што членовите на Центарот понудија новогодишни и божиќни подароци изработени од лица со Даунов синдром. Профитот беше дониран за работата на Центарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top