| четврток, 6 декември 2018 |

Нескротливиот голгетер со две златни копачки стана зависник од кокаин (видео)

Бразилскиот ас Марио Жардел беше страв и трепет за голманите, а интересно е што има играно за точно 20 клубови во успешната фудбалска кариера.

Двапати ја освои и Златната копачка на Европа, признание за најефикасниот стрелец на стариот континент, но сега се соочува со огромни проблеми и оди на третмани за зависност од кокаин.

zardel

Жардел има 41 година и на двапати како член на португалските клубови Порто и Спортинг беше крал на стрелците во Европа. Пресвртница на лошо во кариерата му беше бизарната повреда на базен, поради која го пропушти мундијалот во Јужна Кореа и Јапонија во 2002 година. Кариоките тогаш ја освоија светската круна, а Жардел падна во депресија и оттогаш почнаа проблемите за него.

Од тронот како најдобар стрелец во Европа, наместо да се круниса со светската титула со Бразил, Жардел почна да лута по разноразни клубови, а играше дури и за бугарскиот клуб Черно Море. Сега е на третмани за одвикнување од употреба на кокаин, а изјави дека ја води најтешката битка во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top