Џанфранко Ѕола ќе го замени отпуштениот Зденек Земан на тренерската функција во Калјари.
Италијанскиот стручњак последен пат тренерска функција извршуваше во Вотфорд во 2013 година, а претходно работеше и во Вест хем.
Пред Ѕола се наоѓа тежок предизвик спасување на клубот од испаѓање. Калјари по 16 одиграни рунди во Серија А се наоѓа на 18. место со само 12 бода.
Четириесет и осумгодишниот Ѕола фудбалската кариера ја заврши токму во Калјари сезоната 2004/05 кога му помогна на клубот да остане во прволигашката конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


