| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ: Големо интересирање за наградите, во конкуренција 80 книги

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија досега пристигнаа 80 дела објавени во текот на оваа година. Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите. Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на овој месец, а наградите ќе бидат врачени во февруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија. Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири-комисии составени од 15 истакнати писатели, членови на ДПМ од различни генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top