| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет

купи

Зголемен е интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“. Во последните два месеца, по одржување на двата саема за овој проект, се одобрени 90 барања за субвенциониран кредит, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по средбата на Коалицијата „За подобра Македонија“.

– „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет и интерес врз основа на саемите што ги направивме. Само во декември има нови 40 барања за субвенција, а претходно имавме 50. Откако почнавме со саемите 90 семејства го решија  прашањето за сопствен дом. Така што ќе продолжиме и понтаму – рече Ставрески.

Вториот саем за проектот „Купи куќа, купи стан“ е во тек во ТЦ „Рамстор“ на кој градежни компании, банки и претставници од Министерството за финансии ги запознаваат заинтересираните за можностите за учество во проектот. Саемот ќе трае до 28 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top