| четврток, 6 декември 2018 |

Наум и Зуица го направија „Незаборав“ (ФОТО)

Десет стари македонски песни препеани од брачната двојка Наум Петрески и Зуица Лазова се најдоа на нивниот прв заеднички албум насловен „Незаборав“.

– Секоја песна е посебно одбрана, бидејќи ни е драга или мене или на Наум. Тоа се песни кои ние сакавме навистина да останат во незаборав. На албумот има и стари македонски песни кои првпат некој ги испеал – вели Лазова.

Двата македонски пејачи и сопружници со песна и спомени го претставија нивното ново дело. Виолета Томовска, Благица Павловска, Ирена Спировска и уште многу останати соработници, но, пред сѐ, пријатели, присуствуваа на промоцијата на албумот, која се одржа денеска напладне.

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top