Италијанскиот клуб Интер напорно работи на трасфер пазарот за да го засили тимот во зимскиот преоден рок. Едно од имињата кое се поврзува со доаѓање во градот на модата, Милано е германскиот ас од редовите на Арсенал Лукас Подолски.
Подолски е незадоволен од статусот и минутажата која ја добива во Арсенал и лесно може да се случи тој по новогодишните празници ја смени средината. Интер и Арсенал се веќе во завршни подготовки, а како се споменува тимот од Лондон се сложил да го пушти Подолски на позајмица до крајот на годината, а по завршување на истата тој да биде откупен за шест милиони евра.
Управата на Интер ќе му излезе во пресрет на тренерот Роберто Манчини за желбите кои ги има за доведување на нови играчи, со цел да се засили играчкиот ростер и тимот од Милано стане поконкурентен во однос на останатите клубови.
Интер по 16.кола одиграни во Серија А лигата се наоѓа на 11 место на табелата со 21 бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.