Јанко Типсаревиќ нема да игра на првиот гранслем во 2015 година, на Отвореното првенство на Австралија поради воспаление на белите дробови. Тоа е нов малер за еден од најдобрите српски тенисери и постојан член на топ 50 на листата на АТП. Секако кога е здрав и во форма, а тоа е сѐ поретко во последно време.
Типсаревиќ долго паузираше по операцијата за отстранување тумор на ногата, конечно заздраве и најави учество на турнирите уште на стартот од новата година, но му се случи нова несреќа. Ќе го пропушти и новогодишниот турнир во Ченаи, Индија, а потоа и гранслемот што се игра во Мелбурн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.