| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен караван на Инер Вел клуб од Скопје

DEdo mraz

Дамите, членови на Инер Вел клуб (Inner Wheel Club) од Скопје на почетокот на оваа недела реализираа хуманитарен караван во кој беа опфатени две државни училишта, а ќе продолжи во јануари за Божиќните празници.

Учениците од единственото средно училиште и дом за глувонеми „Партенија Зографски“ во Скопје и децата од државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ благодарение на клубот уживаа во програмата на магионичар и претставата „Дедо Мраз во розово” која опфати читање на сказни, а беше изведена од актерите од Драмски театар кои се вклучија во хуманитарната акција.

unnamed

 

Двете посети на училиштата завршија со дружба на членовите со децата и поделба на новогодишни пакетчиња.

– Следејќи ја главата цел и мисија на нашиот клуб ширење на позитивни искуства за жените и децата во светот, оваа година ја завршуваме со новогодишен хуманитарен караван кој има за цел да донесе радост и веселба во секојдневието на овие деца. Како жени и мајки, гледајќи ги насмевките на децата во изминативе два дена, полни ни се срцата и сме навистинска среќни што на кратко успеавме заедно со нив да избегаме од секојдневието и да уживаме во овој новогодишен период – изјави Анета Антова Пешева, претседател на клубот.

unnamed (1)

Интернационалниот клуб Инер Вел поврзува влијателни жени од целиот свет. Македонскиот клуб е формиран во 2004 година. Од неговата регистрација до денес реализирани се голем број на хуманитарни проекти и кампањи. Мисијата на овој клуб е промоција и организација на активности, услуги и позитивни практики, со цел подобрување на животот на жените и децата во светот, преку глобалната мрежа на членки, кои донираат на волонтерска основа – средства, посветеност и љубов на останатите.

unnamed (2)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top