| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитерен настан „Вино и сирње“ за под­др­шка на де­ца­та ро­де­ни со Да­у­нов син­дром

Овој на­стан, кој се ор­га­ни­зи­ра по сед­ми пат од стра­на на Ме­ѓу­на­род­но здру­же­ние на же­ни - Скоп­је, отсе­ко­гаш имал ху­ма­ни­тар­на ди­мен­зи­ја, но ова е прв­пат си­те со­бра­ни па­ри да одат за ед­на цел

Утре, в сабота на 6 април, во скоп­ски­от ре­сто­ран „Че­ти­ри­на­е­се­тка“, ќе се одр­жи го­диш­ни­от на­стан „Ви­но и си­ре­ње“, кој го ор­га­ни­зи­ра Ме­ѓу­на­род­но здру­же­ние на же­ни – Скоп­је, а на кој ќе се де­гу­сти­ра­ат уба­ви ви­на и ќе се ја­де вкус­но си­ре­ње. Влез­ни­ца­та за на­ста­нот, кој има ху­ма­ни­та­рен ка­ра­ктер, чи­ни 500 де­на­ри, а па­ри­те што ќе се со­бе­рат ќе одат за но­во­фор­ми­ра­ни­от Цен­тар за Да­у­нов син­дром. Ќе има и по­се­бен штанд за ви­на и си­ре­ње со чуд­ни, не­о­бич­ни вку­со­ви, а на­ста­нот за отво­рен ќе го прог­ла­си сло­вач­ки­от ам­ба­са­дор во Ма­ке­до­ни­ја, Ро­берт Кир­наг. Го­сти­те ќе ги за­ба­ву­ва­ат „Ро­ки и при­ја­те­ли­те“, спе­ци­ја­лен го­стин ќе би­де Дар­ко Ар­сов, 32-го­диш­ник ро­ден со Да­у­нов син­дром, кој ќе сви­ри на син­ти­сај­зер, а Але­ксан­дар Ма­тов­ски-Ца­ко ќе чи­та по­е­зи­ја. Ќе има и не­кол­ку во­лон­те­ри, ли­ца ро­де­ни со Да­у­нов син­дром, кои ќе би­дат вклу­че­ни во це­ли­от на­стан.

Restoran 14 IWA Wine&Cheese P 032013 cs4

Освен де­гу­ста­ци­ја на ви­на и на си­ре­ња, ќе има и аук­ци­ја на ска­пи и ег­зо­тич­ни ви­на, ка­ко и про­даж­ба на екск­лу­зив­ни пар­чи­ња на­кит, умет­нич­ки де­ла, а ќе се ор­га­ни­зи­ра и ло­та­ри­ја.

Овој на­стан, кој се ор­га­ни­зи­ра по сед­ми пат од стра­на на Ме­ѓу­на­род­но здру­же­ние на же­ни – Скоп­је, отсе­ко­гаш имал ху­ма­ни­тар­на ди­мен­зи­ја, но ова е прв­пат си­те со­бра­ни па­ри да одат за ед­на цел. До­се­га па­ри­те со­бра­ни од ва­кви на­ста­ни одеа во фон­дот на Здру­же­ни­е­то, а по­тоа, по по­тре­ба, се рас­пре­де­лу­ваа на по­ма­ли про­е­кти.

Ида Ман­тон е дол­го­го­диш­на член­ка на ова здру­же­ние и мај­ка на ед­но­го­диш­на­та Лу­ци­ја, ко­ја има Да­у­нов син­дром.

– Отка­ко член­ки­те на Здру­же­ни­е­то раз­браа де­ка Лу­ци има Да­у­нов син­дром, ре­ши­ја па­ри­те што ќе ги со­бе­ре­ме од на­ста­нот „Ви­но и си­ре­ње“ да би­дат до­ни­ра­ни за но­ви­от Цен­тар за Да­у­нов син­дром. Јас сум им не­из­мер­но бла­го­дар­на за овој гест би­деј­ќи уви­дов и зак­лу­чив де­ка чо­веч­ко­то ср­це не поз­на­ва гра­ни­ци и же­ни од раз­лич­ни про­фи­ли и др­жа­ви, со раз­лич­ни ин­те­ре­си се спло­ту­ва­ат и под­го­тве­ни се да на­пра­ват го­ле­ми де­ла ко­га ста­ну­ва збор за ран­ли­ви гру­пи мај­ки и де­ца. Ова здру­же­ние и овој на­стан ја по­твр­ду­ва­ат искон­ска­та си­ла на же­на­та и неј­зи­на­та вол­ја да ги по­ме­сти си­те гра­ни­ци и да ги пре­мо­сти си­те ме­ри­ди­ја­ни во жел­ба­та да по­мог­не не­ко­му – ве­ли Ман­тон.

Здру­же­ни­е­то има 70 член­ки од си­те кра­и­шта на све­тот кои мо­мент­но жи­ве­ат во Ма­ке­до­ни­ја за­ра­ди сво­ја­та ра­бо­та или ра­бо­та­та на нив­ни­те со­пру­зи. Жел­ни се да по­мог­нат на се­ка­ков мо­жен на­чин до­де­ка пре­сто­ју­ва­ат во Ма­ке­до­ни­ја.

На на­ста­нот е пла­ни­ра­на и из­лож­ба на фо­то­гра­фии на де­ца ро­де­ни со Да­у­нов син­дром.

Во Ма­ке­до­ни­ја не­ма офи­ци­јал­ни по­да­то­ци кол­ку лица имаат Даунов синдром но се сме­та де­ка на се­кое 900-то де­те ро­де­но во Ма­ке­до­ни­ја, ед­но е родено со овој син­дром.

Цен­та­рот е за­мис­лен ка­ко ме­сто на кое ќе се вкр­сту­ва­ат свет­ски­те искус­тва и ма­ке­дон­ски­те мож­но­сти.

– Ќе ра­бо­ти­ме на уве­зу­ва­ње на свет­ска­та екс­пер­ти­за и ќе се оби­де­ме да из­бег­не­ме из­мис­лу­ва­ње ра­бо­ти што ве­ќе по­сто­јат. Пре­ку Цен­та­рот ќе се оби­де­ме да им го збо­га­ти­ме жи­во­тот на ли­ца­та ро­де­ни со овој син­дром и да им по­мог­не­ме да раз­ви­јат ве­шти­ни по­треб­ни за са­мо­сто­ен жи­вот, да стек­нат зна­е­ња што ќе им по­мог­нат да се вклу­чат во ре­дов­ни­от обра­зо­вен си­стем. Цен­та­рот е за­мис­лен да слу­жи и ка­ко ме­сто ка­де што ло­го­пе­ди, де­фе­кто­ло­зи, ќе се сре­ќа­ва­ат и ќе раз­ме­ну­ва­ат нај­но­ви искус­тва и ќе учат за но­ви­те до­стиг­ну­ва­ња – ве­ли Ман­тон.

Цен­та­рот пла­ни­ра да ор­га­ни­зи­ра три се­ми­на­ри до кра­јот на го­ди­на­ва, по­тоа актив­но­сти со кои ќе се зго­ле­ми јав­на­та свест за мож­но­сти­те, ус­пе­си­те и жи­во­тот на ли­ца­та ро­де­ни со Да­у­нов син­дром, а во план е спе­ци­ја­ли­зи­ра­но спи­са­ние, во кое ќе има нај­но­ви ин­фор­ма­ции. Пла­ни­ра­но е да се пре­ве­дат не­кол­ку кни­ги кои до­кто­ри­те ќе ги де­лат на мај­ки­те чи­и­што де­ца се ро­де­ни со овој син­дром би­деј­ќи кај ро­ди­те­ли­те стра­вот од не­поз­на­то­то е огро­мен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top