
Кога Бред Пит неодамна гостување кај Опра Винфри во шоуто, откри интересни детали од своето семејство. Тој раскажа дека секогаш кога ќе и се обрати на ќерката Шај, таа му одвраќа: „Јас сум Џон“.
Сега целото семејство на Шајло мора да и се обраќа со Џон, а на премиерата на филмот на својата мајка таа се појави во друштво на татко и двајцата постарии браќа облечена во костум со кравата.
Уште во 2010 година Џоли изјави дека Шајло сака да биде момче.
– Сака да има кратка коса. Сака да носи машки работи. Мисли дека е една од браќата – изјави тогаш Џоли.
Иако многумина девојчиња сакаат исти играчки и облека како и момчињата, Линда Блер, клинички психолог и авторка на книгата „Среќно дете“ вели дека има многу причини за ваква желба.

– Кога детете е во друштво на постари членови на семејството кои се од спротивен пол, нормално е тоа да сака да ги имитира. Од друга страна Шајло има помлад брат и сестра, како и уште тројца постари браќа и сестри, па можеби сака да биде во центар на внимание – изјави Блер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


