| четврток, 6 декември 2018 |

Под „лупа“ пиратеријата и фалсификатите во Дебар

raboti-falcКоординативното тело за заштита на интелектуалната сопственост денеска во Дебар спроведе акција во соработка со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Министертвото за внатрешни работи.

Како што изјави по акцијата Мите Костов, претседател на Координативното тело за интелектулана сопственост при Владата на Република Македонија, акцијата е реализирана во согласност со Акиониот план на Координативното тело кое во текот на денов имало вакви акции во уште три градови во однос на повреда на интелектуалната сопственост.

– Контролираниравме 15 правни субјекти и кај сите нив констатирани се  неправилности при работењето.  Поднесени се четири кривични пријави, повеќе прекршочни пријави, изречена е глоба од 7.500 евра, одземени се четири компјутери кои немаат лиценциран софтвер, со стотици цедиња, затворена е кабелската телевизија во траење од еден месец и магацин каде има повреда од индустриската сопственост и на авторски права, изјави Костов.

Додаде дека акцијата е редовна и целта и е да се подигне свеста и да се испрати пораката до целните групи кои не го почитуваат законот за интелектуана сопственост дека владее правната држава.

– Силно сме посветени во борбата против пиратеријата, фалсификатите и разните дејанија во тој контекст и како резултат на тоа веќе во многу градови работат само оние кои целосно ги почитуваат законските одредби. Акциите, во кои немаме селективен приод,  ќе продолжат низ целата држава, порача Костов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top