
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов за 2015 година најави значително зголемување на посебниот додаток за лица со попреченост и на лицата со Даунов синдром.
За таа цел, на својата последна седница, Владата на Република Македонија ги усвои предложените измени на Законот за заштита на децата кои се насочени кон поголема поддршка на децата со попреченост, децата со специфични потреби телесни, интелектуални и комбинирани пречки, изјави денеска на прес-конференција Спасов.
Појасни дека била согледана потребата на родителите кои имаат деца со попреченост, а се во потешка финансиска положба и се материјално необезбедени односно приматели на социјална и постојана парична помош.
– Токму поради тоа донесовме одлука за воведување значително зголемување на посебниот додаток за оваа категорија граѓани, односно со измените на законот ќе овозможиме зголемување за 25 отсто на посебниот додаток за материјално необезбедени родители корисници на посебен додаток, рече Спасов.
Првично, според проценките, ќе бидат опфатени 1.030 материјално необезбедени родители, приматели на посебен додаток, од кои 919 се корисници на социјална парична помош и 111 се корисници на постојана парична помош.
Како резултат на интензивната комуникација со здруженијата на родители на деца со Даунов синдом, Спасов посочи дека произлегла и потребата од поголема поддршка во делот на правото на посебен додаток на децата со пречки во развојот и со Даунов синдром.
– Клучно во овие измени на Законот за заштита на децата што се овозможува остварување на право на посебен додаток и за сите деца со Даунов синдром. Во изминатиот период 180 деца со Даунов синдром кои имаат комбинирани пречки во развојот примаа постојана парична помош. Сега ќе им овозможиме да остварат месечна парична помош и на 88 деца кои се категоризирани како деца само со Даунов синдром, изјави Спасов.
За таа цел на годишно ниво Министерството ќе издвои 18 милиони 690 илјади и 940 денари. За реализација, пак, на финансиската поддршка за децата со Даунов синдрм годишно ќе се издвојуваат вкупно 414 милиони 690 илјади денари за 710 дечиња.
Овие измени ќе стапат јуни 2015.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ида Мантон, мајка на дете со Даунов синдром: Луциа не е тажна приказна, таа е мојата светлина!
-
Нина Костовска стана првото лице со Даунов синдром во Македонија кое дипломираше
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром
-
Светски ден на Даунов синдром: 1.589 луѓе облекоа шарени чорапи во Зеница и го соборија светскиот рекорд (видео)


