Исламската верска заедница (ИВЗ) ги одложи планираните протести кои беа закажани за в петок, пишуваат медиумите на албански јазик во Македонија. Протестите беа во врска со Бурмали-џамија. Одлуката за одложување на протестите ја донел Ријасетот на ИВЗ на Република Македонија на вчерашната вонредна седница откако темелно ја анализирал создадената ситуација во текот на изборната кампања за локланите избори, како и последните инциденти во земјата.

Ријасетот го дели мислењето на Владата дека одржување на еден ваков протест за време на изборна кампања нема да биде во прилог на заедничките интереси од ситуацијата, која може да се создаде и да се исполитизира, со што ќе го отежне решението во иднина.
– Ние како ИВЗ се согласуваме и сме подготвени по локалните избори заедно со владините инситуции, посебно со албанскиот субјект партиципиент во власта, да разговараме за сите отворени прашања околу решавање на нашите барања, вклучувајќи го и адекватното решение за обновување на Бурмали-џамијата – велат од ИВЗ и уште еднаш апелираат до муслиманските верници да не учествуваат на протести без организатори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


