Триесет и деветгодишна трудница од Америка и нејзиното семејство биле изненадени кога на сликата од ултразвукот го виделе ликот на господарот на темнината, Дарт Сидиус, од популарниот научнофантастичен серијал „Војна на ѕвездите“.
Неверојатната сличност веднаш ја забележиле сите присутни во ординацијата, на што слатко се изнасмеале.
– Сите почнаа да се смеат, вклучувајќи ја и нашата осумгодишна ќерка Хана и лекарката – раскажал сопругот на трудницата.
Фотографијата минатата недела на интернет ја објавил таткото, а оттогаш станала хит меѓу обожавачелите на „Војна на ѕвездите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


