| четврток, 6 декември 2018 |

Со графити украсен Дневниот центар за деца со аутизам

Животни, персонифицирани овошки и зеленчуци, ги разубавија ѕидовите на Дневниот центар за деца со аутизам во Скопје.

Графит цртачите ја внесоа колоритноста и разиграноста во просториите на дневниот центар како дел од кампањата „За хуманоста да стане навика“ што ја спроведува компанијата „Натусана Македонија“.

Тримесечната кампања е дел од 10 годишниот јубилеј на компанијата, која со главната донација во среда ќе го доопреми центарот со специјална опрема и реквизити од Англија и ќе приреди предновогодишно изненадување за децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top