Набавка на нов инкубатор и сервисирање на три постојни инкубатори на Интензивниот оддел на Клиниката за детски болести во Скопје е резултат од втората фаза на донација од кампањата „Шанса за живот“ иницирана од „Окта“ и Клиниката за детски болести .
За нормално функционирање на Одделот за интензивна нега, каде што бројката на новопримени случаи е зголемена за речиси 50% постои голема потреба од нова и функционална опрема. Остануваат исти и начините за донација, преку отворените телефонски броеви за донации 070/075/077 14 33 33, можноста со минимално донирање на 100 денари во одбележаните кутии за донација на бензинските пумпи на „Окта“ и на различни други локации, граѓаните да добијат алка со логото на кампањата како нејзин поддржувач, како и наменски отворената сметка на кампањата 200002709659393 во Стопанска банка. Повеќе информации се достапни на интернет страната на компанијата [www.okta-elpe.com].
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


