Со провокативна фотосесија пејачката Симона Попоска им ги честита новогодишните празници на своите обожаватели, а воедно ја најави и соработката со Наташа Гулевска. Попоска ќе биде заштитно лице на рачно изработените уникатни парчиња накит на Гулевска.

За изгледот на Симона, покрај Гулевска и специјално изработениот накит само за пејачката, се погрижи стилистот Александар Дамјановски – Дадар, кој ги работеше шминката и фризурата, и Ивана Заковска, која беше задолжена за маникирот. Рачно изработениот накит на Наташа Гулевска е специјално изработен за пејачката. Фотографиите ги изработи фотографот Јанус.

Попоска за почетокот на новата година ја најавува и нејзината нова песна на македонски јазик и видеоспот за неа.

– 2014 година беше повеќе од успешна за Симона, имаше доста настапи во и надвор од државата, од нив би ги издвоиле турнејата во Австралија и во Швајцарија, настапот со Ерик Фокс на „The Miss Globe“ во Албанија, наградата на „Макфест“, соработката со фитнес центарот „Титаниум“, многу други соработки, проекти, хитови – вели Билјана Брајановска-Зарлинова, задолжена за маркетингот на Попоска.

Попоска заедно со диџеј Ерик Фокс, со кого ја сочинуваат групата „The Sound Messengers“ ќе ја отворат прославата за Нова година на плоштадот Пела во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


