| четврток, 6 декември 2018 |

Симона Попоска ја сними моќната балада „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ (видео)

По одличната макфестовска „Остани“, дело на авторите Горјан Стојановски –музика, Елвир Мекиќ – текст, Иван Јованов и Андреј Иваноски – аранжман, Симона Попоска јавноста реши да ја изненади со уште еден новитет. Всушност, станува збор за кавер кој ја претставува во едно сосема поинакво издание од сето она што досега го имаме видено и чуено од неа. Симона реши да ја сними моќната балада „Паметна и луда“ на Марија Шерифовиќ.
-Ова не ми е прв кавер, но токму оваа тема од Марија, која инаку многу ми се допаѓа и ми е една од омилените, е всушност прв хит од овие простори што решив да го отпеам. Песната во мене буди некоја посебна емоција и ете решив да ја донесам на мој начин. Се надевам дека на публиката ќе и се допаднам и во ова издание , вели Симона, која од неодамна има нов соработник кој ќе ја придружува на настапите, во прашање е маестралниот Бока Конга.
„Паметна и луда“ е снимена во соработка со Драган Ристовски, кој се погрижи за аудиото, видеото и фотографијата и е само најава за следните проекти на Симона, која вели дека нема да запре тука. Наскоро, открива таа, ќе има уште интересни проекти, кавери, но и соработки во кои искрено верува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top