| четврток, 6 декември 2018 |

Симона Попоска како секси Баба Мразица (ФОТО)

Со провокативна фотосесија пејачката Симона Попоска им ги честита новогодишните празници на своите обожаватели, а воедно ја најави и соработката со Наташа Гулевска. Попоска ќе биде заштитно лице на рачно изработените уникатни парчиња накит на Гулевска.

10877468_824290720946611_447608533_n

За изгледот на Симона, покрај Гулевска и специјално изработениот накит само за пејачката, се погрижи стилистот Александар Дамјановски – Дадар, кој ги работеше шминката и фризурата, и Ивана Заковска, која беше задолжена за маникирот. Рачно изработениот накит на Наташа Гулевска е специјално изработен за пејачката. Фотографиите ги изработи фотографот Јанус.

10884473_824290697613280_816409950_n

Попоска за почетокот на новата година ја најавува и нејзината нова песна на македонски јазик и видеоспот за неа.

10877824_824290690946614_834993810_n

 

– 2014 година беше повеќе од успешна за Симона, имаше доста настапи во и надвор од државата, од нив би ги издвоиле турнејата во Австралија и во Швајцарија, настапот со Ерик Фокс на „The Miss Globe“ во Албанија, наградата на „Макфест“, соработката со фитнес центарот „Титаниум“, многу други соработки, проекти, хитови – вели Билјана Брајановска-Зарлинова, задолжена за маркетингот на Попоска.

10872433_824290704279946_1273535039_n

Попоска заедно со диџеј Ерик Фокс, со кого ја сочинуваат групата „The Sound Messengersќе ја отворат прославата за Нова година на плоштадот Пела во Скопје.

10866690_824290680946615_1117939095_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top