Специјалната единица за истрага СИФТ веќе има готово обвинение против поранешни припадници на ОВК, што е резултат на првата истрага по обвиненијата во извештајот на Дик Марти, пишува весникот „Коха Диторе“. Според весникот постојат доволно докази за покренување обвинение откако ќе биде основан специјалниот суд и усвојат во косовоското Собрание закони, како и договор со Холандија, каде судот ќе има канцеларија.
„Коха Диторе“ наведува дека премиерот на Косово Иса Мустафа вчера се сретнал со шефот на ЕУЛЕКС Габриел Меучи и дека главна тема на разговорот било продолжување на постапката за основање на специјалниот суд.
Правникот Фаик Кореница смета дека конституирањето на специјалниот суд ќе трае подолого од очекуваното. – Во принцип не може да се покренуваат обвиненија на СИФТ додека не се конституира специјален суд со сите негови механизми. Тоа подразбира завршување на меѓународниот договор со Холандија, усвојување на законот за специјалниот суд, именување на судија и негова логистика, изјави Кореница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации