Еден од најдобрите голмани на светот Белгиецот и член на Челси Тибо Куртоа го откри својот фаворит за освојување на овогодинешната „Златна топка“.
Доделувањето на ова престижно признание е при крај, многу познати светски фудбалери јавно ја дадоа својата подршка за некои од своите колеги. Слично е и со Куртоа кој брани во одлична форма и е еден од најзаслужните за испишување на историјата во неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид и за добрите резултати на Челси оваа сезона.
– Оваа година имаше многу добри натпревари. Многу играчи играа на високо ниво и ќе биде многу интересно во изборот на „Златната топка“. Драго ми е што со Атлетико сум дел од историјата на тој клуб, а се надевам дека истото ќе го продолжам и со Челси – изјави Куртоа.
– Наградата би ја доделил на Мануел Нојер голманот на Баерн Минхен. Како негов колега стварно мислам дека беше најдобар, посебно неговиот удел во освојувањето на титулата светски шампион беше навистина голем. Ако Нојер ја добие наградата за најдобар фудбалер за 2014 година, дополнително ќе ја отвори вратата на многу одбранбени играчи и голмани за добивање на ова престижно признание. Мислам дека нашата работа е потценета. Подеднакво учествувавме во сите успеси на нашите клубови – додаде Куртоа.
Во најтесниот круг според многумина за избор на најдобар фудбалер за 2014 година се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Мануел Нојер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.