Бројот на починати од ебола во трите најтешко погодени земји во Западна Африка – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне – е зголемен на 7.518 лица, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Како што е наведено, вкупно се регистрирани 19.340 заболени. Бројот на жртвите во другите земји е непроменет – шестмина во Мали, еден во САД и осуммина во Нигерија, која во октомври прогласи крај на епидемијата. Во Шпанија и Сенегал се регистрирани по еден заболен.
Генералниот секретар за ОН, Бан Ки-Мун, пред три дена ги посети Либерија и Сиера Леоне, каде што ги пофали здравствените работници кои се борат да го спречат ширењето на епидемијата и им помагаат на болните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.