| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и син прегазени во тешка сообраќајка вечерва кај Волково

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20:30 часот кај Волково, во која се повредени две лица.
Според првичните неофицијални информации, автомобил Опел Астра со скопски регистерски таблички изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во две лица.
Неофицијално, повредените  се татко и син, кои се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Повеќе детали за нивната состојба не се познати.
Полицијата е на лице место и врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top