| четврток, 6 декември 2018 |

Ветувањата за помош за Газа се неисполнети

газа

Меѓународните донатори досега не ги испратиле ветените милијарди долари за обнова на Појасот Газа, кој беше погоден од војна – изјави денеска палестинскиот заменик-премиер Мухамед Мустафа.

Тој истакна дека „ниту еден цент“ не стигнал од главите донатори, како што се Катар, Обединетите Арапски Емирати и Турција и оти јазот меѓу Хамас и Фатах придонесува странските власти да не испраќаат помош.

По седумнеделната војна меѓу Израел и палестинските милитанти во јули и август меѓународните донатори само за обнова на Газа ветија 2,7 милијарди долари на конференција во Каиро. Вклучувајќи и други видови помош ветени се вкупно над пет милијарди долари.

– Искрено кажано тоа што се случува не е охрабрувачко – истакна Мустафа, појаснувајќи дека пристигнал само мал дел од парите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top