Во Мадрид денеска започна продажбата на тикетите за најголемате и најстара лотарија во светот, чиј фонд на премии што ќе ги добијат најсреќните Шпанци изнесува повеќе од 2,2 милијарди евра.
Главната премија, позната како „El Gordo“ („Мрсна“), изнесува четири милиони евра и досега е доделена 160 пати.
Оваа шпанска лотарија е стара повќе од 200 години и традиционално се одржува во текот на божиќните празници. Извлекувањето на добитните броеви трае три часа и се пренесува директно на телевизија, а вкупниот фонд на награди се дели на стотина добитници.
Од почетокот на економската криза, вкупната уплата на лотаријата постојано се намалува. Шпанците на божиќната лотарија оваа година протрошиле просечно околу 50 евра по глава на жител, што е за 15 отсто помалку отколку во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)