Последната премира во Македонскиот народен театар (МНТ) е закажана за вечерва, 20 часот кога треба да одигра „Да тргнеме, сењор“ од Ана Ристоска, а во режија на Нела Витошевиќ.
Претставата „Да тргнеме Сењор“ ги отвора вечно неодговорените прашања за животот наспроти смртта. Пет испреплетени приказни и седум ликови, кои со многу емотивен, на моменти апсурдно комичен тон преку нарација и внатрешни монолози, зборуваат за љубовта, среќата и за тагата; за убавината на постоењето и минливоста на човечкиот живот.
Улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Драгана Kостадиновска, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Софиа Насевска-Трифуновска, Kатина Иванова, Александар Ѓоргиески. Сценографијата е на Kонстантин Трпеноски, костимите на Роза Трајчевска-Ристовска, изборот на музиката го направи Витошевиќ, а ја приспособија актерите Абдула, Димитријевиќ, Ѓорѓиески и Ангелов.
– Со Ана Ристоска се познаваме од Факулетот за драмски уметности (ФДУ), генерација сме. Таа пишува на
начин кој е многу модерен во Европа последниве години. Зборува за смртта, но го слави животот. Една од
приказните во претставата е поврзана и со „Дон Kихот“ – вели режисерката Витошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.