Активистки на украинското феминистичко движење „Femen“ топлес застанаа на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан. Се соблекоа неколку минути по почетокот на конклавите за избор на нов папа.

Тие активираа и чадна петарда во црвена боја, со што алудираа на акцијата на некои женски здруженија кои со пуштање розов чад бараат поголема улога на жените во црквата.

Тие брзо беа совладани од полицијата и приведени.
Ватикан е упорен дека жените не може да се заредуваат за свештенички бидејќи Исус Христос своеволно ги избрал мажите за свои апостоли. Заговорничките на заредување на жените тврдат дека Исус само ги следел обичаите на своето време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


