Многу неочекувана и несекојдневна ситуација се случи на натпреварот меѓу Емелек и Барселона, дерби кое одлучуваше за титулата, а во фокусот беа двајцата браќа Болањос. Алекс, кој игра за Барселона, стартуваше брутално врз својот брат Милер и, за среќа, не го повреди сериозно иако стартот беше груб и можеше да дојде до скршеница.
Милер издржа, а Алекс мораше предвреме на „ладење“ во соблекувалната бидејќи доби втор жолт картон и автоматско исклучување. На крајот на титулата со Емелек се радуваше Милер Болањос по триумфот од 3-0 (првиот меч заврши 1-1), а тој покрај трофејот веројатно долго ќе се сеќава на остриот прекршок од сопствениот брат Алекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)