Викендов се одржа 3. Новогодишен турнир на Ракометната академија на Металург. На турнирот учествуваат преку 300 млади ракометари и ракометарки, поделени во 31 екипа од школите од Скопје и од Куманово. Турнирот се одржа во салата „Автокоманда“.
Младите ракометари беа поделени во две старосни категории: генерација 2004/5 и генерација 2006 и помали.
Видовме неколку интересни и борбени натпревари на овој Новогодишен турнир. Тоа ни покажува дека Македонија има одлична ракометна иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.