| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Мачката и глушецот не го погодија моментот на соединување

Горд сум што токму од Државниот тетовски универзитет од Куманово излезе првата генерација дипломци. Ова е мојот компромис за Кичево, за да водиш политика треба да правиш компромиси, а токму отварањето на ДУТ во Куманово го сметам за компромис. Бев особено горд кога во касараната се сечеше лентата за отварање на Државниот универзитет кој преставува центар на образованието, рече Али Ахмети на митингот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Тој додаде:
Ме прашуваат за случувањата во Кичево, ве повикувам самите да пресудите за моментот кога се соединуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, мачката и глушецот. Тие не го погодија моментот за соединување и покажаа паника бидејќи Албанците, историски отсекогаш биле мнозинство во Кичево, а по Втората светска војна не се почитува волјата на тој народ, рече Ахмети.
Ахмети напомена дека можеби не оди во прилог на Албанците тоа што голем дел се во иселеништво, но, рече дека 7000 Албанци доаѓаат од Европа и САД да гласаат во Кичево за изборите на 24 март. Тој е разочаран бидејќи во Куманово не се одзвале ниту ДПА ниту НДП да направат заедничка листа со ДУИ.

ДУИ го претстави својот кандидат за градоначалник на овој град, Ариф Латифи, кој вети нови училишта, детска градинка и установа за лица со посебни потреби.

Ахмети ги повика кумановци да гласаат на локалните избори, бидејќи се потребни поголем број советници за да може да се спроведуваат проектите важни за граѓаните од албанската етничка заедница. Ахмети го поздрави преминувањето на неколку досегашни независни советници во листата на советници на ДУИ, додавајќи дека на централно ниво оваа инцијатива не ја поддржале лидерите на ДПА и НДП.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top