Горд сум што токму од Државниот тетовски универзитет од Куманово излезе првата генерација дипломци. Ова е мојот компромис за Кичево, за да водиш политика треба да правиш компромиси, а токму отварањето на ДУТ во Куманово го сметам за компромис. Бев особено горд кога во касараната се сечеше лентата за отварање на Државниот универзитет кој преставува центар на образованието, рече Али Ахмети на митингот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
ДУИ го претстави својот кандидат за градоначалник на овој град, Ариф Латифи, кој вети нови училишта, детска градинка и установа за лица со посебни потреби.
Ахмети ги повика кумановци да гласаат на локалните избори, бидејќи се потребни поголем број советници за да може да се спроведуваат проектите важни за граѓаните од албанската етничка заедница. Ахмети го поздрави преминувањето на неколку досегашни независни советници во листата на советници на ДУИ, додавајќи дека на централно ниво оваа инцијатива не ја поддржале лидерите на ДПА и НДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


