| четврток, 6 декември 2018 |

Том Круз и Кејти Холмс заедно на Божик

kejti-holms-suri-tom-kruz-1341233981-180613

Том Круз и Кејти Холмс кои се разделија во 2012 година, заедно ќе го прослават Божик, за да и овозможат празнично расположение на нивната 8 годишна ќерка.

Првично Кејти сакала да го прослави Божик заедно со нејзиното семејство, но сепак решила да ги стави на прво место интересите на Сури. Поради оваа причина таа го поканила Том да слават заедно. Холмс настојува нивната ќерката да има што е можно подобри односи со нејзиниот татко.

Актерката не сакала да чуе да ја испрати Сури за празниците во домот на нејзиниот татко, поради посветеност на Том Круз кон сциентолозите. За да го избегне ова, таа го поканила 52 годишниот холивудски актер во нивниот нов дом.

Том Круз моментално го снима петтото издание на „Невозможна мисија“. Том се согласил, и така ќе си го направи распоредот, за да може да биде со Сури на Божик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top