| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: ДУИ не може толку лесно да го излаже народот

На претстојните локални избори ќе се променат состојбите зашто ќе победи нашиот кандидат – порача претседателот на ДПА Мендух Тачи на вечерашниот митинг во спортската сала во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

-Заедно со граѓаните ние сме победувале од 1994 до 2011 година и на сите избори во Тетово ДУИ ќе изгуби со голема разлика. ДУИ не може толку лесно да го излаже народот и да си игра со него. Каде се библиотеките и другите лажни ветувања? Се лажат дека ќе ги освојат гласовите во Тетово – рече Тачи.

Актуелниот градоначалник Сади Беџети побара нов мандат со повеќе ветувања пред тетовци.

-Сите проекти ги реализиравме само со наши средства, од општинскиот буџет.  Имаме конкретни проекти, како поделба на гимназијата на два посебни субјекти и изградба на нова зграда, изградба на мостот кај поранешното медицинско училиште, обнова на улици, поставување канализација во Горна Чаршија и обнова на патот до Бањиче – рече Беџети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top