| четврток, 6 декември 2018 |

Солун: Со бомби по конзервативците

Armed attack against a police station in AthensТри одвоени напади во Солун со мали рачно изработени бомби врз канцеларии на грчки истакнати конзервативни политичари. Повредени нема, а  предизвикана е значителна материјалана штета, соопшти грчката полиција. Меѓу целите на нападите беше и приватната канцеларија на грчкиот заменик-министер за развој, Ставрос Калафатис, каде што пожарот предизвика голема материјална штета. Канцелариите на грчките пратеници од редовите на конзервативците Јоргос Орфанос и Костас Јулекас претрпеа помали штети. Во нападите се користени мали бутан бомби, а во Грција се чести и нападите со молотови коктели што вообичаено ги извршуваат крајнолевичарски и анархистички групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top