
Во Tеатарот Комедија денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Распеана турлитава“, наменета за најмладата публика, со пораки за правилен начин на исхрана и за здрав стил на живот, како еден од приоритетните сегменти за превенција на здравјето.
Претставата е на иницијатива на Институтот за јавно здравје на Република Македонија како превентивна институција и промотор на здрав стил на живот, а се реализира во соработка со „Кат продукција“.
Целта на проектот е преку игра и забава да се пренесат пораките за здрави навики и здрав стил на живот на што е можно поголем број деца.
За таа цел билетите за претставата ќе бидат поделени на Домот за деца без родители „11 Октомври“ Скопје, Дневниот центар за деца од улица Шуто Оризари, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес и штитениците на Дневниот центар за лица со спречености „Детелина“ во Чашка, Домот за деца „25 Мај“, од Скопје, Дневен центар за деца кои не одат на училиште при Детската амбасада „Меѓаши“ и на членови на креативните студија „Ѕвезда“, „Детски свет“ и „Спирит“.
На децата од Здружението на лица со целебрална парализа и Дневниот центар „Детелина“ во Чашка, ќе им биде овозможено да присуствуваат на претставата, а ќе им биде донирана и храна, која се препорачува како правилна исхрана за здрав стил на живот. Храна ќе биде доделена и на децата од Дневниот центар во Шуто Оризари.
Планирани се уште неколку изведби на претстават во текот на јануари и февраури со цел пораките да бидат пренесени на што поголем број ученици од основните училишта и секогаш изведбите ќе имаат и хуманитарен карактер.
Во претставата играат Снежана Коневска Руси, Ѓорѓи Тодоровски-Трупче, Зорица Панчиќ, Горќи Нешковски и Христина Георгиевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“


