| четврток, 6 декември 2018 |

Интер извлече бод од мат позиција, еврогол на Матео Ковачиќ (видео)

Последниот натпревар од 16.коло во италијанската Серија А лига го одиграа екипите на Интер и Лацио. Двата тима одиграа одличен натпревар во Милано и постигнаа по два гола.

Inter vs Lazio

Натпреварот заврши нерешено 2-2, иако Лацио имаше сигурно водство по првото полувреме од 2-0. Во текот на целиот натпревар Интер имаше иницијатива, но гостите од Рим први дојдоа до водство, а до крајот на првото полувреме и зголемија на 2-0. Филипе Андерсон одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и го совлада Хандановиќ уште во втората минута, а вториот гол беше дело на истиот играч во 37 и најави нов неуспех на „нероаѕурите“.

Inter vs Lazio

Во вториот дел со евроголот на Матео Ковачиќ кој биеше неодбранливо во 67 минута Интер најави дека може да дојде до поволен резутат. Паласио во 80 минута израмни на 2-2, но очигледно избраниците на Роберто Манчини немаа сили за целосен пресврт.
Со новиот бод Лацио се измрани на третото место на табелата со екипите на Наполи и Сампдорија со по 27 бодови, додека Интер со 21 бод остана на 11 место.


Inter Milan vs Lazio 0-2 All Goals and… by linhmu275

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top